Анчелоти: Разговарав со Перез, ќе останам во Реал!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти откри дека имал состанок со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и заедно решиле да остане на кормилото на клубот.

Шпанските медиуми шпекулираа дека Анчелоти ќе добие отказ по дебаклот против Манчестер сити во Лигата на шампиони (ЛШ), но Перез сè уште му верува на Италијанецот.

„Вчера имав состанок со Перез, тој ми верува и ми кажа дека ќе останам во тимот. Ќе продолжиме да се бориме за нови титули“, кажа Анчелоти.

„Кралевите“ во следниот период ќе се фокусираат на ангажман на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, чиј трансфер ќе чини околу 120 милиони евра.