Анчелоти: Реал Мадрид секогаш сака да ја освои титулата во ЛШ


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Реал Мадрид сака да ја задржи одличната форма и да ја запише третата победа во Лигата на шампиони (ЛШ), а за тоа ќе мора да го совлада Шахтјор на домашен терен.

Тренерот Карло Анчелоти кажа дека приоритет на тимот е одбрана на титулата во елитното натпреварување, која ја освоија минатата сезона.

„Пред нас е важен натпревар. Сакаме да имаме девет бода по три кола. Подготвени сме и сакаме да одиграме подобар меч од тој со Осасуна. Шахтјор е опасен противник и тоа го покажа многупати досега. Реал Мадрид е тим кој сака да ја освои Лигата на шампиони, иако и првенството е важно за нас“, кажа Анчелоти.