Анчелоти: Ретко може да видите настап како тој на Винисиус!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Винисиус Жуниор со хет-трик го предводеше Реал Мадрид до победа од 5-2 против Борусија Дортмунд.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти беше пресреќен поради победата и имаше само пофални зборови за Винисиус.

„Ретко може да видите настап како тој на Винисиус. Не само поради головите, туку поради интензитетот и карактерот“, кажа Анчелоти.

Винисиус е главен фаворит и за престижната награда „Златна топка“ која ќе се додели за неколку дена.