Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот фудбалер Тони Крос реши да остане уште една сезона во Реал Мадрид, а тренерот Карло Анчелоти се надева дека неговиот играч ќе ја заврши кариерата во шпанскиот гигант.
Анчелоти кажа дека Крос е клупска легенда и се надева дека ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид, каде што игра девет години.
Новинарот Фабрицио Романо претходно објави дека 33-годишниот фудбалер договорил соработка до јуни 2024 година и наскоро истата треба да биде потврдена.
Крос игра за „кралевите“ од 2014 година, а притоа настапи на 405 меча и постигна 27 гола и 88 асистенции.