Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид се подготвуваат за првиот пријателски меч против Барселона во Америка, а двата клуба летово се засилија со неколку фудбалери.
Шпанскиот шампион мисли на иднината, а тоа го покажа преку Винисиус Жуниор, Родриго и Камавинга, но тренерот Карло Анчелоти сака уште двајца млади фудбалери.
„Кралевите“ ги сакаат Рајан Шерки и Амина Гуири. Шерки веќе го покажа својот квалитет во дресот на Лион, а има само 18 години и привлече голем интерес, а Реал би можел да го купи за помалку пари зашто има договор до следното лето.
Гуири ќе биде потежок „залак“ за шпанскиот гигант бидејќи вреди над 40 милиони евра, а минатата сезона во Лига 1 одигра 38 натпревари и притоа постигна 10 гола и девет асистенции, додека има договор до 2024 година.