Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Италијанскиот фудбалски тренер Карло Анчелоти беше претставен како нов селектор на бразилската репрезентација на прес-конференцијата во Рио де Жанеиро пред повеќе од 250 претставници на медиуми. Анчелоти ќе дебитира на клупата на Бразил во квалификациските натпревари против Еквадор и Парагвај во јуни. Меѓу другото, одговараше на прашања за бразилските фудбалери кои ги водел во клубови.
„Најдобриот Бразилец кој сум го водел е Роналдо. Тој беше спектакуларен техничар и еден од најзабавните луѓе во светот. Најголемиот професионалец кој сум го водел беше Кафу, а најмногу ме насмевнуваат Милитао и Винициус. Би додал за Винициус дека е многу скромен, понизен човек.
Затоа секогаш убаво говорам за тие играчи. Имам многу добра поврзаност со нив. Веднаш ме повикаа и ми честитаа кога станав селектор. Тренирав 34 Бразилци во кариерата и имав проблеми само со еден. Нема да кажам кој беше тоа”, заврши Анчелоти.
Фото: Принтскрин
.