Анчелоти: Сè е јасно, Бензема ќе ја добие „Златната топка“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема вчера со гол му помогна на Реал Мадрид да слави против Ајнтрахт Франкфурт и да го освои европскиот Суперкуп.

Бензема со новиот гол стигна до второто место на вечната листа на стрелци на „кралскиот клуб“, па така го воодушеви тренеро Карло Анчелоти, кој кажа дека Французинот дефинитивно ќе ја добие „Златната топка“.

„Бензема е лидер на екипата. Тој постигна многу голови и ја заврши сезоната во одлична форма. И сега никој нема шанси покрај него во трката за ‘Златната топка’. Јас немам дилеми кој ќе ја добие престижната награда“, кажа Анчелоти.

Реал Мадрид во новата сезона ќе се обиде да ги одбрани титулите во Ла Лига и Лигата на шампиони.