Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ повторно остана на клупата, додека „лажна деветка“ беше Иско, затоа што Карим Бензема е повреден и ќе отсуствува одреден период.
Тренерот Карло Анчелоти се изнервира на новинарските прашања зошто не му дал шанса на Јовиќ, па реши да даде одговор.
„Јас сум мазохист. Немам напаѓачи по повредата на Бензема. Маријано е повреден, планирав да играм со Иско, но имав намера да го пушта јовиќ на теренот. Проблемот е тоа што Лука не е подготвен, нема сила… Подобро беше вака, да одигра само половина час, а јас сум среќен што внесе енергија во тимот“, кажа Анчелоти.
Јовиќ одигра помалку од 500 минути оваа сезона и само двапати беше стартер, па се повторува ситуацијата кога Зинедин Зидан беше тренер на „кралевите“.