Анчелоти се налути поради прашање за Мбапе: Ги имам најдобрите напаѓачи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ја декласира Жирона со 4-0 и така му избега на ривалот во трката за титулата во Ла Лига.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти доби прашање за Килијан Мбапе на прес-конференцијата по натпреварот, а тоа го налути.

„Постојано ме прашувате за фудбалер кој игра во друг тим. Тука ги имам најдобрите напаѓачи. Винисиус е најдобар, Белингам е втор, а Родриго е трет“, кажа Анчелоти.

Во изминатите денови се шпекулираше дека Мбапе веќе се договорил со „кралевите“ и на лето ќе се пресели во Реал Мадрид.