Анчелоти се откажа од 4-3-3 и има друг план за идната сезона


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид веќе со години го подмладува тимот, па така ова лето во клубот стигнаа Џуд Белингам и Арда Ѓулер како засилувања во редот за врска.

Тренерот Карло Анчелоти поради тоа решил да го промени системот 4-3- и идната сезона ќе игра во друга формација.

Италијанецот во разговор со претседателот Флорентино Перез посочил дека ќе игра во формација 4-4-2.

На голот би бил Куртоа, додека во одбраната ќе бидат Милитао, Алаба, Карвахал и Гарсија. Во средината шанса ќе добијат Чуамени, Валверде, Камавинга и Белингам. Тандем во нападот ќе бидат Винисиус и Родриго, додека Хоселу останува замена.