Анчелоти се пошегува: За 500 милиони евра пешки ќе тргнам кон С. Арабија


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната, а сè погласни се шпекулациите за неговиот следен ангажман.

Анчелоти на прес-конференцијата пред натпреварот против Бетис доби прашање дали би се преселил во С. Арабија за 500 милиони евра.

„За 500 милиони? Не би резервирал ниту авион, пешки ќе тргнам. Се шегувам, не сакам пари, тоа не ме интересира“, кажа Анчелоти.

Искусниот стратег има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната, но постои шанса истиот да биде продолжен во следниот период.