Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Карло Анчелоти нема да очајува многу по отказот од Наполи затоа што набрзо може да има нова работа.
Имено, како што јавува „Скај Спортс“, Анчелоти пристигнал во Мерсисајд на преговори со челниците на Евертон.
Истиот медиум и претходно објави дека италијанскиот стратег е прв избор за раководството на Евертон, а пред малку пренесе информација дека Анчелоти веќе е во Англија каде ќе има напредни преговори за можноста да седне на клупата на „Гудисон“.
Евертон е во потрага по перманентен наследник на Марко Силва кој неодамна доби отказ. Привремениот тренер, Данкан Фергусон се покажа одлично на двата тешки натпревари против Челси и Манчестер Јунајтед на кои освои четири бодови, но се чини дека нема да биде назначен како перманентен менаџер најмногу поради тоа што Карло Анчелоти е слободен и сака да ја преземе функцијата.