Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше разочаран по поразот од Барселона во „Ел Класико“, а зборуваше и за ВАР-технологијата.
Анчелоти се сомнева дека голот на Асенсио во 87. минута за водство на неговиот тим е правилно поништен, односно смета дека ВАР-технологијата го оштетила Реал Мадрид.
„Одигравме добар натпревар и заслуживме да победиме. Имаме сомнеж за офсајдот кој беше досуден. Одиме во Мадрид и се сомневаме во исправноста на таа одлука. На Светското првенство беше појасно кога е офсајд, а кога не е. Мислам дека нè оштетија“, вели Анчелоти.
Барселона е на чекор до титулата затоа што во моментов има 12 бодови повеќе од Реал Мадрид на 12 кола пред крајот на сезоната.