Анчелоти сервира две „бомби“ пред дербито со Атлетико Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти донесе добри вести за навивачите пред дербито против градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Анчелоти кажа дека Винисиус Жуниор е подготвен за настап против Атлетико, а ќе игра и Џуд Белингам кој имаше проблеми со повреда.

„Утре играме важен натпревар. Атлетико е голем ривал и едвај го чекаме мечот. Винисиус ќе биде во тимот. Не знам дали ќе почне од првата минута, но ќе игра. Белингам е подготвен и тој ќе настапи“, кажа Анчелоти.

„Кралевите“ имаат одличен почеток на новата сезона и освоија 15 бода по пет одиграни меча во Ла Лига.