Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид планира на лето да го засили тимот и да се врати во битка за титулата во Ла Лига, а со „кралскиот клуб“ се поврзуваат голем број фудбалери.
Еден од нив е Габри Вејга, кој има 20 години и игра за Селта Виго. Тој досега постигна девет гола и четири асистенции на 27 настапи во Ла Лига сезонава и поради тоа привлече големо внимание.
Тренерот Карло Анчелоти е воодушевен од Вејга, кој има талент и потенцијал да стане еден од најдобрите фудбалери за врска во следните години.
Реал Мадрид планира да испрати понуда од 40 милиони евра за неговиот потпис, но ќе има конкуренција од Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал и Њукасл.