Анчелоти: Сите мора да имаат шампионски менталитет во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера славеше со 1-0 против Унион Берлин на домашен терен во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а голот го постигна Џуд Белингам.

Белингам повторно беше херој на „кралевите“ и обезбеди три бодови, а тренерот Карло Анчелоти кажа дека бил среќен што не примиле гол.

„Второто полувреме беше подобро. Унион Берлин речиси и да не ни остави празен простор за игра, добро е што не примивме гол. Белингам е сериозна класа, а среќата е со него затоа што се наоѓа на вистинско место. Нашиот тимски дух е на високо ниво. Секој што го носи дресот на Реал мора да има шампионски менталитет“, вели Анчелоти.