Анчелоти со добра вест за навивачите пред мечот против Осасуна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти имаше прес-конференција пред натпреварот против Осасуна, при што откри добри вести за навивачите.

Францускиот напаѓач Карим Бензема се врати на теренот, откако се повреди во првото коло од Лигата на шампиони против Селтик.

Бензема паузира околу еден месец, но сега е подготвен да им помогне на своите колеги во битката за бодови.

„Бензема оздраве и сега тренира со нас, па ќе биде и стартер против Осасуна“, кажа Анчелоти.

Анчелоти, сепак, за мечот против Осасуна нема да може да смета на Лука Модриќ, кој е повреден и мора да паузира една недела.

Мечот меѓу Реал и Осасуна е закажан за утре од 21 часот.