Анчелоти со коментар за иднината на Кулибали во Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти истакна дека клубот нема да биде принуден да го продаде Кулибали по секоја цена.

Аурелио Де Лаурентис постави неверојатна цена од 130 милиони фунти за стоперот кој воодушевува веќе втора сезона по ред, сума која тешко дека некој ќе се согласи да ја плати.

„Наполи нема да биде принуден да го продаде Кулибали. Играчот нема да не напушти“ –кратко изјави Анчелоти.

Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани за 27 годишниот фудбалер од Сенегал.