Анчелоти удри по судиите, па ја дозна одлуката на Дисциплинската комисија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карло Анчелоти пред неколку дена го критикуваше главниот судија на мечот меѓу Реал Мадрид и Жирона (1-1) бидејќи не му се допаднаа некои од одлуките.

Италијанскиот тренер не внимаваше на својот речник и кажа дека Реал е оштетен во натпреварот, затоа што судиите измислиле пенал за Жирона.

Анчелоти не беше среќен поради одлуката на судијата да покаже кон белата точка, по што му се закануваше суспензија од четири натпревари.

Дисциплинската комисија донесе конечна одлука за случајот и нема да го казни Анчелоти, иако во минатото за слични изјави тренери биле суспендирани.

Неодамна тренерот Хозе Гаја беше суспендиран на четири меча зашто даде сличен коментар по натпревар.