Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанија полека се загрева за големото дерби „Ел Класико“, а домаќин ќе биде Реал Мадрид кој ќе ја пречека Барселона и со победа би можел да стигне на чекор до титулата, зашто во моментов имаат 10 бодови повеќе од Севиља и 15 од каталонскиот ривал.
Меѓутоа, тимот на Карло Анчелоти е во проблеми затоа што не е 100 отсто сигурно дека Карим Бензема ќе настапи. Тој е лидер на екипата, но во моментов е повреден и останува да видиме како „кралевите“ ќе настапат на теренот.
Анчелоти има неколку опции, а први се Родриго и Асенсио во трио со Винисиус. Оваа опција е испробана и не функционира, а наједноставно би било Герет Бејл да го замени Французинот како централен напаѓач.
Уште една опција е со Еден Азар како „лажна деветка“, но Белгиецот е далеку од вистинската форма во моментов.
Лука Јовиќ последен пат беше стартер против Интер во Лига на шампиони, а за последен пат заигра против Виљареал, додека Маријано има проблеми со повреди и сезонава одигра само 184 минути.