Анчелоти во проблеми: Познато колку ќе паузира Менди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се соочува со проблеми бидејќи се повреди левиот бек Ферлан Менди и се очекува да паузира еден месец, објави „ЕФЕ“.

Францускиот репрезентативец мора да оди на дополнителни медицински прегледи по што точно ќе биде познато дали ќе се потврдат прогнозите.

Менди беше заменет во 39. минута во шпанскиот Куп против Атлетико Мадрид, а тој досега оваа сезона пропушти 14 меча за „кралевите“ поради различни повреди.

Доколку се потврди прогнозата, тогаш Анчелоти нема да може да смета на Менди на шест натпревари во Ла Лига, како и во Купот, но и во Лигата на шампиони.