Анчелоти за Бензема: Не сум загрижен, ние сме тим со најмногу голови во Ла Лига!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ќе игра против Бетис во ла Лига и ќе мора да победи ако сака да ја продолжи трката со Барселона за титулата.

Ова е голем предизвик за „кралевите“ со оглед на тоа дека загубија во шпанскиот Куп од Барселона, по што пристигнаа критики за напаѓачот Карим Бензема и тренерот Карло Анчелоти.

„Не може да постигнете гол на секој натпревар. Не сум загрижен поради Бензема. Тој е подобар отколку во првата половина од сезоната, ние сме тим со најмногу голови во Ла Лига. Не гледам никаков проблем“, кажа Анчелоти.

Барселона е прва во Ла Лига со 59 бодови, односно седум бода повеќе од Реал Мадрид кој е втор на табелата.