Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид славеше против Валјадолид со 2-0 по паузата поради Мундијалот во Катар, а човек кој направи пресврт во играта беше Едуардо Камавинга.
Французинот влезе во игра во 69. минута и потоа го зголеми интензитетот на играта во средината на теренот, а тоа го скрши притисокот на противникот.
Тренерот Карло Анчелоти е среќен затоа што ја завршуваат годината со победа, а посебно го пофали Камавинга за кого кажа дека во моментов е подобро да игра од клупа.
„Камавинга секогаш покажува дека е подобар кога ќе влезе од клупата. Тој прави огромна разлика на теренот. Едуардо е млад и со себе носи огромна енергија“, вели Анчелоти.