Анчелоти за караницата со Гатузо: Имавме проблеми…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид и Валенсија вечерва играат полуфинале во шпанскиот Суперкуп, а мечот ќе биде интересен и поради средбата на двајцата тренери.

„Кралевите“ ги предводи Карло Анчелоти кој е 18 години повозрасен од Џенаро Гатузо, кој го тренираше и во Милан.

Анчелоти заедно со Гатузо ја делеа соблекувалната на повеќе од 400 натпревари, а освоија и титули, но потоа ги расипаа своите односи.

„Односите сега се малку… Кога дојдов во Наполи, тој си замина. Неколку месеци се пишуваше дека екипата е во лоша состојба поради Карло. Во тие две години не направил ништо добро, но имам голема почит за него“, вели Гатузо.

Анчелоти не сакаше премногу да зборува за неговито однос со Гатузо.

„Имавме одлични заеднички моменти, ја освоивме Лига на шампиони. Потоа односите не ни беа идеални. Имавме проблеми и не сакам да зборувам за тоа“, вели Анчелоти.