Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид во моментов има 10 бодови предност пред Севиља и е на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига, меѓутоа тренерот Карло Анчелоти е претпазлив.
Анчелоти ќе се обиде да го освои трофејот во Ла Лига, а во моментов смета дека ништо не е завршено, иако табелата покажува поинаку.
Италијанецот кажа дека никогаш повеќе нема да се опушта поради тоа што му се случило во финалето во Лига на шампиони (ЛШ) во 2005 година, кога загуби со Милан од Ливерпул, иако водеше со 3-0.
„Дали може да се загуби титулата? Јас загубив финале во Лига на шампиони на кое до полувреме имав водство од 3-0. Ми се случи такво нешто и не сакам никогаш да ми се повтори“, вели Анчелоти.
„Кралевите“ се во одлична форма и имаат четири победи по ред во шпанското првенство, а добро им оди и во Лига на шампиони (ЛШ), каде што ќе играат во четвртфинале.