Анчелоти зборувал со Перез за да го убеди да купи фудбалер на Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид, Карло Анчелоти побара прво засилување по вторпат откако го презема клубот по заминувањето на Зинедин Зидан.

Иако „кралевите“ се обидуваат да го убедат Рафаел Варан да остане во тимот и да го купат Килијан Мбапе, сепак Анчелоти зборувал со Флорентино Перез за друг играч.

Реал е заинтересиран за Диого Далот, а информацијата ја објави „Калчомеркато“. Далот ја мина минатата сезона на позајмица во Милан и беше многу добар, па доби повик во португалската репрезентација.

Милан уште еднаш ќе се обиде да ај продолжи неговата позајмица, но Реал Мадрид ќе се вмеша во целиот случај и ќе се обиде да го добие неговиот договор.

Анчелоти зборувал со Перез и јасно му кажал дека Далот му е потребен во неговиот тим, па сега останува акција од раководството на „кралевите“.