Анчелоти знае како Крос може да ја освои „Златната топка“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти кажа дека германскиот фудбалер Тони Крос може да ја освои „Златната топка“, иако тоа ќе биде многу тешко.

Анчелоти смета дека Германецот може да ја добие наградата доколку ги освои Европското првенство (ЕП) и Лигата на шампиони (ЛШ), откако претходно стигна до пехарот во Ла Лига.

„Би сакал Крос да ја добие наградата, но мислам дека ќе биде тешко. Доколку ја освои ЛШ и ЕП со Германија, може да се бори за Златната топка“, кажа Анчелоти.