Андерлехт во битка за потписот на Чурлинов


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов привлече интерес уште од една екипа, а тоа е Андерлехт, кој се распрашувал во Штутгарт за неговите услуги.

Германските медиуми пишуваат дека Штутгарт бара пет милиони евра за трансфер на Чурлинов, а Андерлехт очигледно има толку пари за да плати.

Претходно интерес за Чурлинов покажа и Барнли, но сепак не понуди доволно пари до германскиот тим, кој без размислување ја одби понудата.

Чурлинов сака да остане во Германија, а добива и шанса во тимот на Штутгарт, па веќе постигна гол во Купот.