Андонова го расплака Атлетико Мадрид (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова постигна гол за Леванте во победата од 2-1 против Атлетико Мадрид.

Леванте стигна до водство со автогол во првото полувреме на Менајо, по што Андонова во 68. минута зголеми на 2-0, додека Атлетико успеа да намали на 1-2 преку Сташкова до крајот на мечот.

Ова беше трета победа за Леванте во третиот меч во првенството, па така ја продолжи трката со Барселона, која исто така не знае за пораз.