Андонова постигна гол и го испрати Леванте во финалето на Суперкупот 🎥


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова постигна гол во триумфот на Левaнте против Логроњо (3-1) и избори пласман во финалето на шпанскито Суперкуп.

Логроњо имаше водство од 28. минута, но потоа следеше големиот пресврт на Леванте, а Андонова влезе во игра во 64. минута и ги постави конечните 3-1.