Андоновски со бронзен медал се враќа од Токио


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Селекторот на женската американска фудбалска репрезентација, Влатко Андоновски ги предводеше своите фудбалерки до триумф од 4-3 против Австралија и така го освои бронзениот медал.

Андоновски сакаше да се закити со златен медал на Летните олимиписки игри (ЛОИ) во Токио, но Американките загубија од Канада со 0-1 во полуфиналето, па потоа мораа да се задоволат со победата за трето место на фудбалскиот турнир на игрите.

Меган Рапино и Карли Лојд со по два гола стрелаа за Америка, додека Саманта Кер, Кејтлин Фурд и Емили Гиелник погодија кај Австралија.

Во финалето играат Канада и Шведска.