Андре Гомеш за 50 милиони евра преминува во гигант од Шпанија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Андре Гомеш после одличните настапи на ЕП во Франција се одлучи да побара нов клуб.

Гомеш беше стандарден во репрезентацијата на Португалија која на крајот стана нов шампион на Европа.

Гомеш моментално е член на Валенсија, но е речиси сигурно дека во ова лето ќе ја напушти оваа шпанска екипа.

Иако се наоѓа на мета на Реал Мадрид и Барселона, се чини дека Гомеш се одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Како што пишуваат англиските медиуми Португалецот одби понуда од Барселона, бидејќи желба му е во иднина да го носи дресот на кралскиот клуб.

Гомеш пред неколку дена разговарал со Кристијано Роналдо кој му препорачал да дојде во Мадрид.  Наводно, овој трансфер кралскиот клуб ќе го чини околу 50 милиони евра.