Ањели имаше состанок со главениот кандидат за тренер на Јуве, а се огласија и навивачите! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус бара нов тренер, а претседателот на клубот Андреа Ањели е во Баку, Азербејџан, кадешто вечерва ќе го следи мечот меѓу Челси и Арсенал, а во меѓувреме разговарал со тренерот на „сините“, Маурицио Сари, кој е еден од главните кандидати за нов стратег на „Старата дама“.

Сари претходно изјави дека не размислува за преселба во Јувентус, но се очекува неговиот агент Фали Рамадани да почне преговори со управата на Челси за раскинување на соработката, по вечерашното финале, а потоа бившиот тренер на Наполи би можел да се пресели кај „Старата дама“.

Сепак, навивачите на Наполи решија да го покажат својот револт пред куќата на Сари во Неапол, кадешто оставија натпис.

„Немој да ги предадеш своите луѓе. Неапол те сака“, пишува на натписот пред куќата на Сари.