Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Премиерлигашите се повлекоа од организирање на новата европска Суперлига и така го урнаа сонот на останатите по само 48 часа од објавата дека ќе се одделат од УЕФА.
Манчестер сити го направи првиот чекор, а потоа го следеа и тимовите на Челси, Арсенал, Тотенхем, Манчестер јунајтед и Ливерпул, а еден од луѓето чија идеја беше Суперлигата, Андреа Ањели призна дека не можат да организираат натпреварување без Англичаните.
„Суперлигата не може да се организира без тие шест тимови“, кажа Ањели.
Суперлигата со официјално соопштение синоќа ги запре сите активности за натпреварувањето и најави дека ќе се направат некакви промени, но нема целосно да ја „закопаат“ идејата за Суперлига.