Ањели: Роналдо го прекршил законот? Прашајте во Министерство…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо за време не репрезентативната пауза се зарази со коронавирус, по што со приватен авион се врати во Торино и многумина сметаа дека ги прекршил законите и правилата.

Италијанските новинари ги интересираше дали Роналдо ги прекршил правилата, а на тоа одговор даде претседателот на италијанскиот шампион, Андреа Ањели.

„За ова прашање треба да го контактирате Министерството за здравство, кризниот штаб и оние кои ги спроведуваат државните закони, од нив побарајте објаснување. Јувентус следи и го спроведува државниот протокол. Јас сум спортски работник и не знам дали Роналдо го прекршил законот“, кажа Ањели.

Роналдо во моментов е во самоизолација и се чувствува добро, односно нема никакви симптоми на вирусот.