Ангелов го „покоси“ со брутален старт, па ривалот тргна да го тепа! 🎥


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Виктор Ангелов беше исклучен во мечот на Волунтари и Поли Јаши (2-0) поради опасен старт во 62. минута од натпреварот.

Ангелов имаше брутален старт врз неговиот ривал од Аргентина, Хуан Пабло Пасаљи, кој се изнервира поради тоа и тргна да се пресметува со Македонецот.

Ангелов се лизна и го удри противникот по колено, а тој го фати за врат и почна да го турка, по што судијата реагираше и ги исклучи двајцата фудбалери.