Ангеловски дозна лоши вести: Двајца репрезентативци се позитивни на ковид-19!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија дозна лоши вести пред натпреварот кој се игра задутре во Тбилиси против Грузија во финалето на Лигата на нации, кое е можност да се избори пласман на Европското првенство во 2021 година.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски на второто тестирање пред заминувањето за Грузија дозна лоши вести, зашто двајца фудбалери се позитивни на ковид-19.

Кире Ристевски и Крсте Велкоски се позитивни на вирусот и ќе мора да го пропуштат летот кон Тбилиси, а покрај нив проблем има и Енис Барди, кој е повреден, но и покрај тоа ќе замине за Грузија.

Претходно од составот отпадна Аријан Адеми поради повреда, па доколку Македонија не може да смета ниту на Барди, тоа ќе биде голем хендикеп за репрезентацијата во најважниот дуел во историјата.