Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Македонскиот селектор Игор Ангеловски на денешната прес-конференција го објави списокот со повикани репрезенативци за дуелите против Австрија и Израел.
Ангеловски нема да може да смета на Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски поради жолти картони, а конечно место во репрезентацијата ќе добие Даниел Аврамовски, кој сезонава игра одлично за поранешниот македонски шампион Вардар.
Вреди да се спомене дека и Никола Ѓорѓев, кој настапува во Грасхоперс, се враќа во репрезентацијата.