Ангеловски: Го повикав Кулушевски да игра за Македонија, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски откри дека разговарал со фудбалерот на Парма, Дејан Кулушевски, но тој порачал дека не сака да настапува за Македонија.

Шведскиот фудбалер со македонско потекло, Кулушевски имаше фантастичен старт на сезоната во италијанската Серија А, па поради тоа многумина ги интересираше зошто не е повикан за Македонија.

Кулушевски му одговорил на Ангеловски дека нема да игра на Македонија, затоа што сака да го носи дресот на Шведска.

„Имавме разговор пред неколку години во Охрид, а тогаш Кулушевски ми кажа дека не сака да игра за Македонија. Пред еден месец повторно разговаравме, но тој кажа дека сака да игра за Шведска“, открива Ангеловски.