Ангеловски: Не знам дали ќе останам, но јас ја завршив мојата работа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски овие денови имаше интервјуа за голем број медиуми ширум Европа, па така и за полскиот „Супер експрес“.

Ангеловски зборуваше за пласманот на Македонија на Европското првенство (ЕП), но и за неговиот договор кој наскоро завршува, а селекторот вели дека никој од Фудбалската федерација на Македонија досега не му дал нова понуда за соработка.

„Мојот договор истекува на крајот на годината и јас ја завршив својата работа. Сите знаат дека сакам да ја водам Македонија на Европското првенство наредната година. Засега никој не ми кажал дали ќе останам“, кажа Ангеловски.

На селекторската функција на Македонија Ангеловски е од 2015 година, а најголем успех досега беше пласманот на ЕП.

„Верувам дека Македонија ќе покаже што може на ЕП. Сонувма да ја поминеме групата и никој не може да ми каже дека немаме шанси. Само би сакал да се промени оваа ситуација со коронавирусот и во Букурешт да играме пред публика. Ако тоа се случи тогаш тој ќе биде обоен во црвено-жолто“, вели Ангеловски.