Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација испиша историја и го обедини македонскиот народ со пласманот на Европското првенство (ЕП) во 2021 година.
Македонија со голот на капитенот Горан Пандев се пласираше на ЕП, а големиот успех се славеше на територијата на цела држава.
По пристигнувањето, селекторот Игор Ангеловски кажа дека е пресреќен што го обединиле народот во Македонија.
„Ви благодарам што нè пречекавте на наша територија. Среќни сме што го обединивме народот, ние во репрезентацијата така живеевме пет години. Бевме едно големо семејство и тоа ни донесе голем успех, односно пласман на ЕП. Среќен сум што работам со вакви фудбалери и се надевам на уште поголеми успеси“, вели Ангеловски.