Ангеловски остана без ангажман, Фенербахче потпиша со Переира!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фенербахче го ангажираше Витор Переира, иако имаше шпекулации дека македонскиот тренер Игор Ангеловски ќе го преземе турскиот гигант по заминувањето од кормилото на македонската фудбалска репрезентација.

Ангеловски имаше преговори со претседателот на Фенербахче, Али Коч, но очигледно не се договориле, а турскиот тим преговараше и со Славен Билиќ, Златко Далиќ и уште неколку тренери, по што се решија за нивниот поранешен стратег.

Переира доаѓа во Фенербахче од екипата на Шангај СИПГ, каде што работеше претходно.