Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија синоќа ја совлада Германија со 2-1 на гостувањето во Дуизбург, а селекторот Игор Ангеловски беше презадоволен по освоените три бодови.
Ангеловски им се заблагодари на неговите избраници и испрати порака до тие кои го критикуваа и омаловажуваа во минатото.
„Ова е историја. Никогаш досега Македонија на успеала да победи една така трофејна селекција. Овие момци уште еднаш ја направија Македонија горда. Го победивме четирикратниот светски првак. Радувај се Македонијо, слави ги овие херои.“, кажа Ангеловски.
Ангеловски кажа дека прифаќа критика за неговата работа, но не прифаќа омаловажувања.
„Поздрав до сите што ме омаловажуваа, еве им шанса и тие сега да се радуваат. Прифаќам критики за мојата работа, бидејќи извршувам јавна работа, но не прифаќам омаловажувања и опструкции кои сега сите добро знаете дека се случуваа. Знаете на кого се однесува ова“, вели селекторот.