Ангеловски со две изненадувања на списокот за ЕП


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски денеска ги избра фудбалерите кои летово ќе ја претставуваат Македнија на Европското првенство (ЕП).

Ангеловски избра 26 фудбалери, од кои најголем дел се тие што го изборија настапот на ЕП, додека изненадувања се Дарко Чурлинов и Милан Ристовски.

Македонија ќе го почне тренинг-кампот на 26 мај, а ќе има контролна средба смо против екипата на Словенија, по што на 8 јуни репрезентативците заминуваат за Букурешт.

Првиот натпревар се игра против Австрија на 13 јуни, по што на 17 јуни следи пресметка со Украина, додека на 21 јуни патуваме за Амстердам, каде што ќе се одигра последниот меч од групната фаза против Холандија.