Ангеловски со комбиниран состав ќе ја напаѓа Естонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонските фудбалери од 15 часот ќе се соочат против Естонија во групата од Лигата на нации, па ќе се обидат да победат и да го задржат првото место.

Селекторот Игор Ангеловски мораше да излезе со комбиниран состав затоа што по пласманот на Европското првенство од обврските беа ослободени Горан Пандев и Столе Димитриевски, додека Енис Барди и Аријан Адеми се повредени.

На голманската позиција ќе биде Дамјан Шишковски, кој ќе го замени Димитриевски. Во одбранат аќе бидат Дарко Велкоски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Кире Ристевски.

Во средината ќе бидат Бобан Николов и Стефан Спировски, а на крилните позиции ќе заиграат Иван Тричковски и Александар Трајковски. Плејмејкер ќе биде Елиф Елмас, а во нападот Илија Несторовски.