Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот селектор Игор Ангеловски ги избра фудбалерите со кои ќе настапи на Европското првенство ова лето, а кажа дека се надева на пласман во осминафинале на турнирот.
Ангеловски во репрезентацијата направи мало изненадување, откако повика тројца младински репрезентативци.
„Среќен сум и горд што го објавивме списокот. Овие фудбалери многу пати ја направија Македонија горда, а ветувам дека повторно ќе се потрудиме да го израдуваме македонскиот народ. Наша цел е да се бориме за пласман во следната фаза“, кажа Ангеловски.
Селекторот знае дека Македнија ја чека тешка задача, но храброст и самодоверба им даде триумфот против Германија.
„Ова ќе биде голем предизвик за нас и ќе направиме што можеме за да избориме пласман во осминафинале на ЕП“, вели селекторот.