Ангеловски во проблеми: Македонија не може да смета на Николов, Спировски, Алиоски, Ристевски…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија денеска победи против Естонија со 2-1, па ги очекува уште еден меч во Лига Нации против Ерменија, со што може да го освои првото место во групата.

Селекторот Игор Ангеловски се наоѓа во проблеми по денешниот меч, откако отпаднаа Бобан Николов и Стефан Спировски за дуелот против Ерменија. Исто така, тој не може да смета на Езгјан Алиоски, Елиф Елмас се пожалил на повреда, а Кире Ристески е уште во самоизолација.

„Имам малку фудбалери. Сега и Елиф се пожали на болку во бутниот мускул, се надевам дека не е ништо сериозно ќе ги почекаме прегледите на магнетна резонанца. Алиоски отпадна, не го издржа вчерашниот тренинг има оток на задната ложа, изолацијата е проблем за Кире Ристевски“, кажа Ангеловски.

Ангеловски ќе го повика Дарко Мицевски од Вардар, а наскоро се очекуваат и други имиња во репрезентацијата.