Ангеловски за роденден доби подарок од македонските репрезентативци 📸


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски вчера го прослави неговиот 45. роденден, а репрезентативците на македонската селекција го изненадија со подарок.

Ангеловски како подарок од фудбалерите доби луксузен часовник од брендот „Tissot“, а со него се пофали на социјалните мрежи и им се заблагодари на неговите избраници.

„Дечки Ви благодарам за честа и поклонот, но јас и сите навивачи на македонската фудбалска репрезентација од вас го добивме највредниот поклон EURO 2020“, напиша Ангеловски.