Ангеловски: Ви честитам од срце, уште еден чекор до СП во Катар!

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, кој ја однесе Македонија на Европското првенство (ЕП), испрати честитка до македонските репрезентативци по успехот во Италија.

Македонија на чело со Ангеловски ја урна Германија, а Благоја Милевски вечерва постигна уште еден голем успех и ја совлада Италија, по што екс-селекторот испрати порака преку социјалните мрежи.

„Момци Ви честитам од срце на победата со Италија, актуелниот Европски шампион. Уште еден чекор до Светското Првенство во Катар“, напиша Ангеловски.

ФОТО: ФФМ