Англичаните и Белгијците се „закачија“ во Порто (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полицијата во Порто вчера и денеска има многу работа, зашто хулиганите дивејат во португалскиот град, но не станува збор за локални жители.

Веќе втор ден во Порто траат жестоки пресметки на навивачите на Вулверхемптон и Стандард Лиж. Првите тепачки се случиле вчера попладне, а по бурната ноќ, тепачките продолжиле и денеска.

Полицијата морала со гумени куршуми да ги смири скараните страни, а наводно еден навивач од Белгија добил повреда при користење на гумени куршуми од страна на полицајците.

„Во текот на вчерашниот ден англиските и белгиските навивачи во Порто беа вклучени во тепачка. Ситуацијата беше интензивна по 15 часот, а потоа се смири и откако падна ноќ, тие повторно се степаа“, порачаа од полицијата.